Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, вчера ги отвори 41 маџирмаалски средби, традиција која се одржува со децении и го чува духот на Маџир Маало, едно од најстарите и најавтентичните скопски маала.
„Маџир Маало е едно од најстарите и најавтентичните скопски маала – место со душа, каде што се чувствува посебната магија на градот. Голема чест ми беше што и оваа година даваме силна поддршка и присуствувам на 41 маџирмаалски средби, кои со децении ја одржуваат традицијата и го чуваат духот на ова маало. Заедно со колегата Орце Ѓорѓиевски имавме можност да го споделиме овој убав ден со моите центарци, со моите маџирмаалци, луѓето што ја носат историјата и иднината на ова место.
Нека оваа прекрасна традиција продолжи уште многу години!“, истакна Герасимовски.