Во рамки на традиционалните Маџирмаалски средби се одржа ревијален натпревар во фудбал.
Годинава Општина Центар се натпреваруваше против екипата на Општина Кисела, каде што извојува победа на ревијалниот натпревар во рамки на 41 маџирмаалски средби. Градоначалникот на Општина Центар истакна дека традицијата живее преку спортот, дружбата и заедништвото и дека неговата поддршка ќе продолжи и во иднина.
„Игравме фанта – стара, но добро зачувана игра, со што ја негуваме традицијата и спортскиот дух на нашата заедница. Гордост ми е што и оваа година сме заедно на овие прекрасни Маџирмаалски средби! Да славиме уште многу години! Да сте ми живи и здрави, мои Центарци, мои Маџирмаалци!, истакна градоначалникот Горан Герсимовски.