Конкурси|

Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на Р.М.” бр.5/2002 и „Службен весник на РСМ“ бр. 202/24), член 4 од Правилникот за начинот, критериумите и постапката за доделување финансиски средства за проекти и програмски активности од областа на културата од интерес за Општина Центар-Скопје бр.08-1187/16 од 27.2.2025 година („Службен гласник на Општина Центар–Скопје“ бр.2/2025) и точка 8.2 од Програмата за култура на Општина Центар – Скопје бр.08-5795/38 од 27.12.2024 година („Службен гласник на Општина Центар–Скопје“ бр.13/2024), Општина Центар – Скопје распишува

 

КОНКУРС

за финансиска поддршка на проекти од сите области на културата

 

  1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Во согласност со Програмата за култура на Општина Центар-Скопје за 2025 година, а во функција на поддршка, промоција, афирмација и унапредување на креативните можности и изразување на македонската културна сцена, Општина Центар-Скопје распишува Конкурс за финансиска поддршка на проекти од сите области на културата.

 

  1. УСЛОВИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ

Проектот треба да содржи минимум три од следните услови за да биде разгледан од  Комисијата за рангирање на пријавите и евалуација на проектите и програмските активности од областа на културата од интерес за Општина Центар:

– да е нов и иновативен во полето на современата уметност

– да овозможува достапност и пристап на културата до граѓаните

– да вклучува активности за различни старосни групи

– да ги афирмира младите професионалци во полето на современите уметности

– да промовира нови и иновативни изрази во уметноста.

 

  1. ПРАВО НА УЧЕСТВО И КРИТЕРИУМИ

На овој Конкурс може да се пријават сите физички лица кои вршат дејност од областа на културата, како и сите регистрирани здруженија, организации и правни субјекти што делуваат во полето на културата и уметноста и се со седиште на територијата на Општина Центар-Скопје како матична општина каде што физички ќе се реализираат проектите, а кои ги исполнуваат следниве критериуми:

– да се регистрирани како самостоен уметник, здружение, организација или правен субјект од областа на културата со седиште во Општина Центар-Скопје

– да имаат активна трансакциска сметка и активен статус на дејствување од најмалку една (1) година

– да поседуваат Статут и Решение за регистрација на здружението или организацијата

– да имаат најмалку една година работно искуство во културата

– да приложат минимум една референца за реализирана уметничка активност (за физичките лица)

– да поднесат Извештај за користење на средствата од Буџетот на Општината ако за претходната година добиле средства преку Конкурсот од Програмата за култура на Општина Центар за 2024 година.

 

  1. ВИД ПРОЕКТИ ШТО ЌЕ БИДАТ ФИНАНСИСКИ ПОДДРЖАНИ:

Врз основа на член 10 од Правилникот за начинот, критериумите и постапката за доделување финансиски средства за проекти и програмски активности од областа на културата од интерес за Општина Центар-Скопје, учесниците на Конкурсот треба да понудат креативни и иновативни проекти со осмислени програми и содржини што може да се имплементираат во Општината за следниве приоритетни области:

  • Изведбени уметности
  • Музички уметности
  • Визуелни уметности и уметност на новите медиуми
  • Издавачка и библиотечна дејност
  • Промоција на културното наследство

–    Креативни индустрии.

 

  1. КОМИСИЈА ЗА ЕВАЛУАЦИЈА

Поднесените пријави по распишаниот Конкурс ќе ги разгледува Комисија формирана од Градоначалникот составена од 3 члена од Советот на Општина Центар-Скопје и 2 члена – претставници од општинската администрација.

 

  1. КРИТЕРИУМИ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА КВАЛИТЕТОТ НА ПРОЕКТОТ

Критериумите за избор на пријавените кандидати при доделување на средства од Буџетот на Општина Центар се оригиналност на идејата, референците и портфолиото на субјектите и прифатливост на финансиската конструкција за реализација на проекто. Проектот треба да содржи најмалку три од наведените услови за конкурирање

– да има стручни кадри кои ќе бидат вклучени во проектот

– да има добро формулирани цели и ефекти од имплементацијата на проектот

– да содржи план за вклученост на заедницата во реализација на проектот

– да работи на афирмирање и анимирање на нови културни простори во Општината.

 

  1. ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ

– пополнета пријава со краток опис на проектот

– портфолио на физичкото лице-уметник, здружението, организацијата или правниот субјект

– биографија на лицата, односно изведувачите вклучени во проектот

– референтна листа

– финансиска конструкција за средствата потребни за реализација на проектот

– активна трансакциска сметка на субјектите што се пријавиле на Конкурсот на која може да се префрлат добиените средства

– Доказ за жителство во Општина Центар (за физичките лица-уметници)

– Решение за регистрација или тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија не постара од 6 месеци.

 

  1. НАЧИН И РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Рок за поднесување на пријавите е 10 (десет) дена од денот на објавување на Конкурсот на веб-страницата на Општина Центар-Скопје.

Пријавата со целокупната документација може да се достави преку пошта на адреса:

Општина Центар-Скопје

Сектор за јавни дејности/Одделение за култура

ул. „Михаил Цоков“ бр.1, 1000 Скопје

или во Архивата на Општина Центар-Скопје (барака 6) од 9.00 до 15.00 часот

со назнака: КОНКУРС за финансиска поддршка на проекти од сите области на културата.

 

Материјалите доставени со пријавите на Конкурсот не се враќаат. Проектите поддржани со овој Конкурс се составен дел од Годишната програма за култура на Општина Центар – Скопје за 2025 година. Износот на финансиската поддршка на избраниот проект ќе биде одреден согласно големината и квалитетот на проектот, а во рамките на предвидените средства во Програмата за култура и Буџетот на Општината. Вкупните средства за проектот 8.2 Конкурс за финансиска поддршка на проекти од сите области на културата изнесуваат 3.600.000,00 денари. Учесниците на Конкурсот ќе бидат известени за резултатите по завршување на рангирањето на пријавите од Комисијата. Општина Центар – Скопје ќе склучи Договор за финансирање со субјектот чиј проект ќе биде избран на Конкурсот.

Напомена: Пријавата за финансиска поддршка ќе биде достапна на веб-страницата на Општина Центар-Скопје (www.opstinacentar.gov.mk).

Пријавите со нецелосна документација, пријавите пополнети на несоодветен образец или пријавите што ќе бидат доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.Материјалите доставени со пријавите на Конкурсот не се враќаат.

 

Правилник култура

Пријава за Конкурс

 

 

 

 

 

Comments are closed.

Close Search Window