Градоначалникот ги истакна клучните проекти реализирани во соработка со Црвениот крст на Општинската организација Центар: „Заедно имплементиравме услуги и проекти како што се ‘Итно копче’ за пензионерите, воведовме бесплатен транспорт за лица со попреченост над 18 години, организираме едукации за прва помош во училиштата и градинките, работилници, крводарителски акции, активности за поддршка на граѓаните за време на високите температури, како и Дневен центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години. Нашата цел е да создадеме општина во која секој граѓанин ќе има поддршка и сигурност.“
Директорот на Црвениот крст на Општинска организација Центар, Ивица Бошков, ги поздрави заложбите на Општина Центар, истакнувајќи дека само преку соработката со локалните самоуправи Црвениот крст може да ја исполни својата мисија кон граѓаните. На настанот присуствуваа директори на училишта, наставници, претставници на здруженија и на пензионерите од Центар, како и долгогодишни соработници.