Јавен повик, Спорт и млади|

Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на Р.М.” бр.5/2002 и “Службен весник на Р.С.М.” бр.202/24), член 4 од Правилникот за начинот, критериумите и постапката за доделување  финансиски средства за проекти и програмски активности од областа на спортот од интерес за Општина Центар – Скопје бр.08-1187/18 од 27.2.2025 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр.2/2025) и точка 5.4 од Програмата за спорт рекреација на Општина Центар – Скопје за 2025 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр.13/2024), Општина Центар – Скопје распишува

 

ЈАВЕН ПОВИК

за финансиска поддршка на проекти и програмски активности од областа на спортот

 

 

  1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Во функција на поддршка, промоција, афирмација и унапредување, подобрување и зголемување на спортските успеси на домашен и меѓународен план, Општина Центар-Скопје зема обврска за финансиска поддршка на проекти и програмски активности од областа на спортот од интерес за Општина Центар, за дејствување во различни области од спортот во општината.

 

  1. УСЛОВИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ

Проектот треба да содржи минимум три од следните услови за да биде разгледан од  Комисијата за рангирање на пријавите од спортисти-поединци, спортски субјекти, спортски клубови, спортски здруженија, спортски институции, здруженија на граѓани и регистрирани организации во областа на спортот, од интерес за Општина Центар:

– да е нов и иновативен во полето на спортот,

– да овозможува достапност и пристап во спортот за граѓаните,

– да вклучува активности за различни старосни групи,

– да ги афирмира младите професионалци во полето на спортот,

– да промовира нови и млади спортисти,

– да го афирмираат аматерскиот спорт за различни старосни групи.

 

  1. ПРАВО НА УЧЕСТВО И КРИТЕРИУМИ

Право на учество на Јавниот повик ќе имаат спортисти-поединци, спортски субјекти, спортски клубови, спортски здруженија, спортски институции регистрирани во Централен регистар со седиште во Општина Центар-Скопје кои ги исполнуваат следниве критериуми:

– Физичко лице со живеалиште и лична карта во Општина Центар-Скопје

– да се регистрирани како спортски здруженија и други правни лица во областа на спортот во согласност со Законот за спорт, и да има регистрирано седиште во Општина Центар-Скопје

– да имаат активна трансакциска сметка и активен статус на дејствување од најмалку една (1) година

– да поседуваат Статут и Решение за регистрација на здружението за спорт

– да имаат најмалку една година работно искуство во спортот

– да поднесат извештај за користење на средствата од Буџетот на Општината ако за претходната година добиле средства преку Јавниот повик од Програмата за спорт и рекреација на Општина Центар за 2024 година.

 

  1. ВИД ПРОЕКТИ ШТО ЌЕ БИДАТ ФИНАНСИСКИ ПОДДРЖАНИ:

Во согласност со Програмата за спорт и рекреација на Општина Центар за 2025 година, физичките лица, клубовите, здруженијата и организациите треба да понудат креативни и иновативни проекти од спортот што со својата активност и квалитет ќе придонесат за промоција на спортот со осмислени програми и содржини што може да се имплементираат во Општината за следниве приоритетни области и значајни настани:

– Проектот да опфаќа поголем број на млади,

– Проектот да опфаќа организирање и спроведување систем на натпревари,

– Проектот да овозможи активирање на млади спортисти на домашен и меѓународен план,

– Проектот да биде во насока на афирмирање на млади спортисти на домашен и меѓународен терен.

 

  1. КОМИСИЈА ЗА ЕВАЛУАЦИЈА

Проектите ќе се евалуираат од страна на стручна Комисија формирана од Градоначалникот на Општина Центар – Скопје која ќе врши рангирање на пријавите и евалуација на проектите и програмските активности од областа во Спортот од интерес за Општина Центар. Комисијата е во состав од 3 члена од Советот на Општина Центар-Скопје и 2 члена-претставници од општинската администрација по објавениот Јавен повик.

 

  1. КРИТЕРИУМИ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА КВАЛИТЕТОТ НА ПРОЕКТОТ

Критериумите за избор на пријавените апликации за доделување на средства од Буџетот на Општина Центар се оригиналност на идејата, портфолиото на кандидатите и прифатливост на финансиската конструкција за реализација на Проектот.

Проектот треба да содржи најмалку три од наведените услови за конкурирање

– да има стручни кадри кои ќе бидат вклучени во проектот,

– да има добро формулирани цели и ефекти од имплементацијата на проектот,

– да содржи план за вклученост на заедницата во реализација на проектот,

– да работи на стимулирање и афирмирање на младите потенцијални спортисти во Општината.

 

  1. ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Апликантите-правните субјекти и физичките лица кои учествуваат на Јавниот повик, за исполнување на критериумите се должни да ја достават следнава документација:

– Документација за регистрација на субјектот (тековна состојба, оригинален примерок) не постара од еден месец, издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија;

– Извештај од спортските здруженија, други правни лица и поединци од областа на спортот за потрошени средства ако од Општина Центар-Скопје добиле средства за реализација на спортски проект или за учество и напредување во одреден спорт за претходната година;

– Потврда за активна трансакциска сметка;

– Финансиски план за потребните средства за реализација на проектот со кој се аплицира;

– Пријава за аплицирање што е поставена на веб-страницата на Општината (www.opstinacentar.gov.mk)

– Копии од прилози, фотографии, награди и др.

Напомена:

Пријавите со нецелосна документација, пријавите пополнети на несоодветен образец или пријавите што ќе бидат доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.

 

  1. НАЧИН И РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Рок за поднесување на пријавите е 10 (десет) дена од денот на објавување на Јавниот повик на веб-страницата на Општина Центар-Скопје.

Пријавата со целокупната документација може да се достави преку пошта на адреса:

Општина Центар-Скопје

ул. „Михаил Цоков“ бр.1, 1000 Скопје

или во Архивата на Општина Центар-Скопје (барака 6) од 9.00 до 15.00 часот со назнака: ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка на проекти и програмски активности од областа на спортот.

 

Материјалите доставени со пријавите на Јавниот повик не се враќаат. Проектите или активностите поддржани со овој Јавен повик ќе бидат составен дел од Годишната програма за спорт и рекреација на Општина Центар – Скопје за 2025 година. Износот на финансиската поддршка на избраниот проект или активност ќе биде одреден согласно големината и квалитетот, а во рамките на предвидените средства во Програмата за спорт и рекреација и Буџетот на Општината. Вкупните средства за проектот 5.4  Јавен повик за финансиска поддршка на проекти и програмски активности од областа на спортот изнесува 3.000.000,00 денари. Физичките лица, клубови, институции и здруженијата учесници на Јавниот повик ќе бидат известени за резултатите по завршување на рангирањето на пријавите од Комисијата. Општина Центар –Скопје ќе случи  Договор за финансирање со  субјектот чиј проект ќе биде избран на Јавниот повик.

 

Правилник_20250306_111710

Пријава-спорт 2025 (1)

Comments are closed.

Close Search Window