Јавен повик, Животна средина|

Општина Центар – Скопје распишува Јавен повик за доделување на поединечна субвенција на жителите на Општина Центар – Скопје, за купување велосипеди, е-велосипеди, е-тротинети и за купување на дополнителна опрема, односно детско седиште, кацига, светло, катадиоптри, ѕвонче, безбедна сајла, катанец и слично, за велосипед, е-велосипед и е-тротинет во 2025 година. Согласно Програмата за заштита на животната средина на Општина Центар – Скопје за 2025 година („Службен гласник на Општина Центар – Скопје” број 13/2024), Општина Центар – Скопје се грижи за животната средина и помал сообраќаен метеж – Полесно до нов велосипеди, е-велосипеди, е-тротинети и дополнителна опрема за  велосипед, е- велосипед и е-тротинет!

Јавниот повик е отворен од 24.3.2025 година и ќе трае се до исцрпување на средствата предвидени во Буџетот на Општина Центар – Скопје, по принципот ,„прв дојден, прв услужен“.

Со Јавниот повик ќе се субвенционира 30% од цената за купување на велосипеди, е-велосипеди, е-тротинети но најмногу до 3.000 денари и 30% од цената за купување на дополнителна опрема, односно детско седиште, кацига, светло, катадиоптри, ѕвонче, безбедна сајла, катанец и слично,  за  велосипед, е-велосипед и е-тротинет, но најмногу до 1.000 денари.

Секој полнолетен жител на Општина Центар- Скопје, што купил велосипед, е-велосипед, е-тротинет и дополнителна опрема, односно седишта за деца и/или кациги за велосипед, е-велосипед или е-тротинет, започнувајќи од 21 март, потребно е да ги достави следниве документи:

  • Барање за субвенција за купување на велосипед, е-велосипед, е-тротинет и дополнителна опрема за велосипед, е-велосипед и е-торитинет (достапно е во Архивата на Општина Центар – Скопје (барака бр.6) и на веб – страницата на Општина Центар – Скопје www.centar.gov.mk
  • Копија од лична карта;
  • Копија од трансакциска сметка;
  • Фискална сметка во оригинал.

Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на Општина Центар – Скопје, барака бр.6, од 09:00 часот до 15:00 часот, почнувајќи од 24 март. По доставувањето на документите, подносителите ќе бидат известени за редниот број на поднесокот и субвенционирањето.

Правото на субвенција е еднократно.

За сите дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 02/ 3203-600 и 02/ 3203-693.

 

ДОКУМЕНТИ:

Барање-за-субвенција-велосипеди.docx

Барање-за-субвенција- дополнителна опрема

Правилник

 

 

Comments are closed.

Close Search Window