Здружението за хумано-општествен развој „Проект Среќа“со поддршка на Општина Центар го најавува„Неверленд“, првиот од низата проекти кои годинава заеднички ќе ги реализираат здружението и општината.
„Неверленд“ е детско драмско студио, бесплатно училиште за драма и актерство, наменето за децата кои спаѓаат во категоријата „социјален ризик“. Со овој проект, сите деца кои ја сакаат театарската уметност и имаат актерски талент, но немаат финансиска можност, ќе можат да ја реализираат својата желба.
„Благодарение на успешната соработка со Општина Центар и поддршката која ја добиваме од нив за конкретниот проект, училиштето за драма за децата во социјален ризик кои се регистрирани членови на здружението „Проект Среќа“ е комлетно бесплатно. Ние како здружениесме благодарни на општината и Градоначалникот Саша Богдановиќ кои секогаш кога се работи за проектикои се од суштинско значење за квалитетот на животот на децата со помалку можности, покажуваат сензибилитет и желба да помогнат“. – изјави Кристина Арнаудова, Претседател и основач на здружението за хумано-општествен развој „Проект Среќа“.
Општина Центар веќе трета година е партнер во реализација на филантропските и хуманитарни проекти на Здружението за хумано-општествен развој „Проект Среќа“.
„Денескасветот го одбележува Интернационалниот ден на нулта дискриминација. На овој ден кога се слави индивидуалноста, инклузијата и човековите права, ние почнувамепроект кој има за цел еднакви можности и еднаков пристап на сите деца до центрите кои можат да им обезбедат едукација, правилен раст и развој. Јас како Градоначалник и Општината Центар и во иднина ќе се залагаме и ќе поддржуваме проекти кои промовираат социјална инклузија и еднакви можности за сите“. – изјави Саша Богдановиќ, Градоначалник на Општина Центар.
Часовите и аудициите за прием на нови членови ќе се одржуваат два пати неделно, во просториите на канцеларијата за младина Општина Центар, секој вторник и четврток од 18:00 до 19:30 часот, во истоимената канцеларија. Пријавувањето за аудиција и упис е со порака на FB страницата на здружението „Проект Среќа“.Часовите ќе ги води Благица Ристов, дипломирана актерка која има големо работно искуство во детски драмски студија, но и со деца од категоријата за која е наменет „Неверленд“.
„Неверленд е проект на кој јас гледам со многу ентузијазам и мотивација. Им благодарам на „Проект Среќа“ и Општина Центар на укажаната доверба јас да го водам овој проект. Верувам дека нашето студио ќе биде место каде голем број деца ќе ги остварат своите соништа. Нашите планови се да работиме и на самостојни претстави и се надеваме на што побројна публика“– изјави Благица Ристов. Здружението за хумано-општествен развој „Проект Среќа“регистрира деца одсите видови на социјален ризик и тоа: деца од еднородителски семејства, деца без родители, деца од повеќе детни семејства , деца од семејства со минимални илибез примања, деца на зависници, деца со пречки во развојот, жртви на насилство и др.