Активности|

Со цел подобрување на здравствената состојба на возрасните лица кои живеат на територија на општината и нивно оспособување за полесно самостојно функционирање, трета година во континуитет, Општина Центар го реализира проектот „Центар се грижи за возрасните“.
За таа цел на 24-ти март, општината распиша Јавен повик за аплицирање, на кој согласно критериумите можат да се пријават сите пензионери на возраст над 60 години, жители на Општина Центар.
Проектот е финансиран од буџетот на Општина Центар, а за потребите на истиот, општината ангажира социјално претпријатие кое обезбедува сертифицирана негователка и физиотерапевт. Нивиот ангажман се утврдува согласно индивидуалните потреби на корисникот.
На почетокот, избраните корисници ги посетува социјален работник која прави стручна и детална проценка на способностите, социјалните и здравствените потреби, како и можни социјални ризици на секој корисник поединечно. Врз основа на стручното мислење и индивидуалниот план на утврдени приоритети од страна на социјалниот работник, корисникот може да добие услуга од сертифицирана негователка или физиотерапевт, три дена во неделата по дав часа.
Индивидуаалниот план вклучува дефинирање на услугите во домот на корисникот, период на спроведување, динамика и очекувани резултати.
Сите заинетересирани, треба да пополнат апликација и да ја достават до Архивата на Општина Центар. Заедно со апликацијата во Архивата треба да поднесат и фотокопија од лична карта, фотокопија од потврда за примена пензија од предходен месец и фотокопија од медицински документ за лична здравствена состојба.
Апликациите ќе бидат разгледани од страна на стручна комисија на Општина Центар, согласно максималната утврдена бројка на корисници и приоритетните потреби на барателите, ќе избере 90 корисници.

Comments are closed.

Close Search Window