Дневен ред за 27-ма седница на Советот на Општина Центар, закажана за 4.4.2019 (четврток), со почеток во 15:00 часот, во салата на Советот (барака бр. 6)
1. Предлог-решение за измена на Решението за избор на претседател и на членови на Верификациона комисија на Советот на Општина Центар-Скопје.
2. Предлог-решение за измена на Решението за избор на претседател и на членови на Комисијата за урбанизам, планирање и уредување на просторот.
3. Предлог-решение за измена на Решението за избор на претседател и на членови на Комисијата за локален економски развој.
4. Предлог-решение за измена на Решението за избор на претседател и на членови на Комисијата за комунални работи и заштита на животната средина и природата.
5. Предлог-решение за измена на Решението за избор на претседател и на членови на Комисијата за образование.
6. Предлог-решение за измена на Решението за избор на претседател и на членови на Комисијата за култура.
7. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката бр. 02-17/29 од 14.3.2019 година за усвојување на кварталниот извештај за работењето на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје за период октомври-декември 2018 година.
8. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката бр. 02-17/31 од 14.3.2019 година за усвојување на Годишниот извештај за работењето во 2018 година на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје, со детален финансиски извештај (за период од 1.1.2018 година до 31.12.2018 година), донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.
9. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката бр. 02-17/34 од 14.3.2019 година, за усвојување на Годишната сметка за 2018 година на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје, донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.
10. Разгледување на Иницијативата за измена и дополна на Статутот на Општина Центар-Скопје.
11. Предлог-програма за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2019 година.
12. Предлог-правилник за постапката и начинот на распределба на финансиските средства од Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите на Општина Центар-Скопје за 2019 година.
13. Предлог-одлука за утврдување урбана опрема и за условите, начинот и постапката за издавање на одобрение за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Центар-Скопје.
14. Советнички прашања.