Активности|

Денес, во просториите на Урбаната Заедница “Мирче Мацан“, за учениците од 4-то одделение при ООУ “11-ти Октомври“, беше одржана обука на тема “Што е урбана заедница?“.

На обуката, која ја водеше Зоран Дуридански, вработен во општинската администрација и задолжен за поддршка на урбаните заедници, учениците имаа можност да дознаат повеќе за надлежностите и работата на урбаните заедници како важен дел од Општина Центар.

Оваа Урбана Заедница го носи името на Мирче Мацан, народен херој од Втората Светска Војна, кој загинал во битката за ослободување на градот Велес, на само 24 години.

Comments are closed.

Close Search Window