Uncategorized|

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр.199/14; 44/15; 44/15; 193/15; 31/16, 163/16; 64/18 и 168/18), Градоначалникот на Општина Центар – Скопје го издава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е

Се известуваат физичките и правните лица од oпфатот на Предлог – Детален урбанистички план Градска четврт Ц 03 – Соборен храм, Општина Центар – Скопје, плански период 2017-2022 дека Градоначалникот на Општина Центар – Скопје донесе Одлука за спроведување на

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

по Предлог – Детален урбанистички план Градска четврт Ц 03 – Соборен храм, Општина Центар – Скопје, плански период 2017-2022

Границата на зафатот е дефинирана:

– од североисток бул.„Илинден“,

– од југоисток бул.„ВМРО“,

– од југозапад бул.„Партизански одреди“ и

– од северозапад бул.„Климент Охридски“.

Вкупната површина опфатена во рамките на опишаните граници изнесува 6,3 ха.

Јавната презентација по Предлог – Детален урбанистички план Градска четврт Ц 03 – Соборен храм, Општина Центар – Скопје, плански период 2017-2022, ќе се одржи во просториите на Општина Центар – Скопје (ул.„Михаил Цоков“ бб) во сала за состаноци, барака 6, на ден 15.5.2019 година (среда) во 13.00 часот.

Предлог – Детален урбанистички план Градска четврт Ц 03 – Соборен храм, Општина Центар – Скопје, плански период 2017-2022 ќе биде изложен во просториите наООУ „Коле Неделковски“, Центар, (ул.„Антоније Грубишиќ“ бр.8) секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот, од 9.5.2019 до 23.5.2019 година.

Соопштението за организирање на јавна презентација и јавна анкета ќе биде објавено на веб страната на Општина Центар – Скопје www.centar.gov.mk и на информацискиот систем е-урбанизам.

Контакт телефони 3203 605 и 3203 660 и email: planiranje@centar.gov.mk.

Во определениот рок заинтерeсираните физички и правни лица можат да доставуваат анкетни листови со забелешки и предлози по предлог планот.

Comments are closed.

Close Search Window