Uncategorized|

Во перидот од 9-ти до 23-ти мај, Општина Центар го става на јавна анкета Деталниот Урбанистички План за Градската четврт Ц03 – Соборен храм. Ова е уште еден од плановите кои во изминатиов период беа под таканаречениот „мораториум“, а кај кој се направени усогласувања со Генералниот Урбанистички План на Град Скопје, но се постигнати и низа измени и придобивки во интерес на жителите на овој дел од Општина Центар.

Планот ќе биде изложен во горенаведениот период , секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот во просториите на ООУ „Коле Неделковски“ на ул.„Антоние Грубишиќ“ бр.8.

Сите заинтересирани физички и правни лица кои сакаат достават предлози и забелешки во однос на истиот ќе можат да го направат тоа преку анкетни листови, кои треба да ги достават во училиштето.

Јавната презентација на планот ќе се одржи на 15.05.2019 (среда) во 13:00 часот во Општина Центар (барака бр. 6).

Comments are closed.

Close Search Window