Активности|

Денеска, во Општина Центар, Градоначалникот Саша Богдановиќ на 100 семејства од општината им додели решенија за остварување на правото за користење на еднократна парична помош за новороденче.

Средствата во висина од 7.000 денари, Општина Центар ги доделува како првична поддршка на родителите кои се жители на Општина Центар и имаат принова во семејството.

На настанот присуствуваа и претставници на компании и здруженија, со кои Општина Центар потпиша Меморандум за соработка, а со кој се официјализираше придонесот на компаниите во овој општестевно одговорен проект.

Меморандумот за соработка беше потпишан со: „Еурофарм“, „Веледа“, „Женски центар Астарта“ и „Банката за храна“, кои во оваа прилика поделија производи и услуги на семејствата со принова. Фармацевтската компанија „Еурофарм“ додели вредносни ваучери во износ од 1000 денари, „Веледа“ доделија пакети со производи со органска козметика за бебиња, „Женски центар Астарта“ – бесплатни часови за јога и совети за доење на новороденчињата, а „Банката за храна“ обезбеди кашички за бебе.  

Согласно, Правилникот за добивање на парична помош за новороденче,  потребно е да се поднесе барање, а во прилог да се достават на увид фотокопија од важечки лични карти или пасош за лична идентификација со адреса на живеење или престојување во Општина Центар, фотокопија од извод од Матична книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциска сметка на барателот на оваа помош. Рокот за поднесување на барањето е 6 месеци од денот на раѓањето на новороденчето.    

Comments are closed.

Close Search Window