Активности|

На 12.06.2019, во ООУ „Јохан Хајнрих – Песталоци“, со почеток во 18:00 часот, Општина Центар го организира првиот „Проектен граѓански форум“, на кој можат да присуствуваат сите заинтересирани граѓани, жители на општината.


Темата на форумот е социјална инклузија, а истиот има за цел вклучување на граѓаните во процесот на креирање на идеи и проекти за подобрување на животот во заедницата и развој на локалната заедница преку взаемна соработка на општината и граѓаните.
Форумот е дел од активностите кои се реализираат во рамките на проектот “Зајакнување на општинските совети” кој Општина Центар го реализира со поддршка на УНДП и Швајцарска Развојна Агенција, а до крајот на проектот ќе бидат одржани уште четири отворени форуми со граѓани.

Comments are closed.

Close Search Window