Активности|

Од денеска Општина Центар го става на јавна презентација и јавна анкета Деталниот урбанистички план (ДУП) за Градска четврт ЦС 08 – локалитет Судска палата 1 и повторна јавна анкета и јавна презентација на ДУП ЦС 06 – локалитет Судска палата 2.

Опфатот на ДУП, Градска четврт ЦС 06 – локалитет Судска палата 2е дефиниран:  на север по оската на Бул. „Гоце Делчев“, на исток по оската на Бул. „Крушевска Република“, на запад по оската на Бул. „Крсте Мисирков“, а на југ по оската на постоечкото речно корито на Вардар. Вкупната површина на планот е 15,53 ха.

Опфатот на ДУП, Градска четврт ЦС 08 – локалитет Судска палата 1 е дефиниран: на север по оската на Бул. „Гоце Делчев“, на исток по оската на Ул. „Никола Карев“, на југ по оската на коритото на Вардар, а на запад по оската на Бул. „Крушевска Република“. Вкупната површина на планот е 4,51 ха.

Нацрт плановите за двата ДУП-а ќе бидат изложени во просториите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (Бул. Гоце Делчев бр. 14), а граѓаните ќе можат да ги видат, секој работен ден 08.00 до 16.00 часот, почнувајќи од денеска (17.06.2019) до 28.06.2019. Нацрт плановите можат да се видат и на веб страницата на Општина Центар, www.centar.gov.mk.

Јавните презентации по двата нацрт план ќе се одржат на 19.06.2019 часот во Општина Центар (барака 6), со почеток во 13.00, односно 13.30 часот.

Анкетните листови со предлози и забелешки за плановите, граѓаните можат да ги достават во просториите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и/или по електронски пат на  planiranje@centar.gov.mk.

Comments are closed.

Close Search Window