Uncategorized|

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на изминатите две недели успешно го доведоа во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар. Со помош на специјалните возила „пајак“ отстранети се 144 возилакои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 242 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

Сообраќајната полиција и службата „Пајак“ на ЈП Паркинзи на Општина Центар, во периодот од 01.06. до 18.06.2019 година, санкционираа 144 непрописно паркирани возила, од кои две (2) несовесно паркирани возила се отстранети од паркинг места наменети за лица со посебни потреби и девет (9) возила отстранети од зелени површини.

ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.

Comments are closed.

Close Search Window