Uncategorized|

Поради редовно одржување на чистотата и зголемен обем на работа, Општина Центар – Скопје има потреба од ангажирање на 5 (пет) сезонски работници за периодот од 3.6. – 30.6.2019 година.
Заинтересираните кандидати трееба да достават потврда за невработеност од Агенцијата за вработување, Барање за ангажирање, фотокопија од лична карта и од трансакциска сметка.
Комплетната документација се доставува во архивата на Општина Центар – барака бр. 6 од 20.5. – 31.5.2019.
Комисијата за вршење избор на ангажирани работници за одржување на јавната чистота на јавните површини, одржување на зеленилото на јавните површини и парковите ќе ги разгледа доставените барања и ќе ги избере најсоодветните кандидати.

Comments are closed.

Close Search Window