Uncategorized|

Поради редовно одржување на чистотата и зголемен обем на работа, Општина Центар – Скопје има потреба од ангажирање на 100 (сто) сезонски работници за периодот од 1.7. – 31.12.2019 година.

Заинтересираните кандидати трееба да достават потврда за невработеност од Агенцијата за вработување, Барање за ангажирање, фотокопија од лична карта и од трансакциска сметка.

Комплетната документација се доставува во архивата на Општина Центар – барака бр. 6 од 18.6. – 28.6.2019.

Комисијата за вршење избор на ангажирани работници за одржување на јавната чистота на јавните површини, одржување на зеленилото на јавните површини и парковите ќе ги разгледа доставените барања и ќе ги избере најсоодветните кандидати.

Comments are closed.

Close Search Window