Активности|

На 26 јуни се одржа вториот Проектен граѓански форум во организација на Општина Центар. Форумите се рамките на проектот “Зајакнување на општинските совети” финансиран од УНДП и Швајцарска Развојна Агенција.

Откако на првата форумска сесија беше формирана структурата на форумот (7 работни маси) и беа идентификувани проблемите и решенијата во рамки на темата „Социјална Инклузија“, но и проблемите кои се надвор од темата, но сепак вредни за дискусија,во соработка со граѓаните – предлагачите на проблемите и решенијата се дефинираа 7 концепти во рамки натемата кои треба се разработуваа на втора форумска сесија.

Заедно со членовите на работните маси се формираа и работни групи, кои на втората форумска сесија,преку свој претставник јавно ги презентираа концептите и побараа поддршка од форумот за преоѓање во следна фаза, што подразбира и изработка на Предлог проект.

Се очекува поголем дел од концептите да ја добијат поддршката на граѓаните и да одат во следна фаза, односно во третата форумска сесија кога концептите требадасеразвијатвопосериознарамка – образец за предлог проект.За таа цел кон веќе формираните работни групи ќе може да се приклучат и други (нови) членови кои сакаат да дадат свој придонес кон проектите.

Во третата сесија значително се зголемува инволвираноста на вработените во општинската администрација, кога ќе треба да се обезбедат многу подетални информациии експерти од различни области какона пример,административна, правна, финансиска итн.

Својата прва презентација пред граѓаните, предлог проектите ќе ја имаат во септември, односно на третата форумска сесија. 

Оние предлог проекти кои ги исполнуваат критериумите за проекти по најмногу основи и се во рамки на буџетот и планираната временска рамка, ќе бидат поддржани да одат во следна фаза, на бодување (гласање) нa четвртата форумска сесија.

За потсетување, темата на раѓанските форуми е Социјална инклузија, со цел вклучување на граѓаните во процесот на креирање на идеи и проекти за подобрување на животот во заедницата и развој на локалната заедница преку взаемна соработка на општината и граѓаните.

Инаку, проектот “Зајакнување на општинските совети” е финансиран со грант од УНДП и Швајцарската Развојна Агенција и истиот се состои од: циклус од 11 модуларни обуки наменети за општинските советници, мал грант за подобрување на транспарентноста на советот и општината во вредност од 12.000 швајцарски франци, спроведување на 5 форумски сесии и доделување на условен грант во вредност од 50.000 швајцарски франци за реализација на 1 до 3 проекти избрани од страна на граѓаните на форумските сесии.

Comments are closed.

Close Search Window