На 31 седница на Советот на Општина Центар одржана вчера 4 јули, советниците ги изгласаа предлог-одлуките за утврдување на максималниот износ на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и директорите во детските градинки на територија на Општина Центар.
Со овие предлог- одлуки се опфатени детските градинки „Кочо Рацин“,„13 Ноември“ и „Раде Јовчевски – Корчагин“.Согласно истите,воспитувачите, негувателите, стручните соработници и директорите на горе-наведените јавни установи ќе добијат покачување на платите за 16%, а исплататаназголеменитеплатизапочнувасоисплататанајунскатаплатавотекотнамесецјули.
Покачувањето на платите на целокупниот персонал во градинките е во согласнот со измените и дополнувањатанаЗаконот за заштита на деца, а вонасоканаподобрувањенаусловитеводетскатазаштита, унапредувањена квалитетот на предучилишното образование и мотивирањенакадрите кои сегрижатзадецатавоградинките.
На 31 Седница на Советот на Општина Центар, советниците изгласааи три предлог-одлуки кои се однесуваат на меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Центар.
Со првата одлука за меѓуопштинска соработка, Град Скопје и Општина Центар ќе започнат заедничка изработка и донесување на Регулациски план на Генералниот урбанистички план (ГУП) на Град Скопје 2012-2022, четврт З 10 – Дебар Маало, кој ќе го изработува Градот, а со финансиски средства ќе учествува и Општина Центар. Новиот регулацискиот план ќе ги регулира јавните и сообраќајните површини и паркирањето во Дебар Маало, а со истиот ќе се избрише спомен објектот „Стара градска школа“ во барок кој беше предвиден да се гради на местото зад Општина Центар.
Останатите две одлуки се однесуваат на соработка во проектирање, изградба, користење, заштита и одржување на станбени и сервисни улици кои се наоѓаат на територија на Општина Центар и одржување на дел од Ул. „11 Октомври“ (делот од ЈЗУ „Универзитетска клиника за хируршки болести“ до „Порта Македонија“) и од Ул. „Димитрија Чуповски“(потег од „Порта Македонија“ доТЦ „Палома Бјанка“).
На советот се усвои и одлуката за зголемување на финансиското учество на Општина Центар за реконструкција на коловоз на улицата „Рилски Конгрес“, локалитет Тасино Чешмиче и предлог-одлуката за обезбедување на простор во општинските основни училишта за потребите на пинг-понгарската федерација на РСМ.