Општина Центар се приклучи кон акцијата за ослободување на корените на дрвјата на Град Скопје. Општинските и градските служби изминатиот период ги опфатија улиците Живко Чинго, Михаил Цоков, Аминта 3, Мирослав Крлежа, Наум Наумовски Борче, Орце Николов и Коле Неделковски.
“Со задоволство можам да кажам дека со оваа акција успеавме да опфатиме најмногу дрвја на територијата на Општина Центар, односно вкупно 56. На овој начин создаваме услови дрвјата да продолжат да се развиваат и да ја раззеленуваат нашата општина “, изјави градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ на денешната заедничка прес конференција со градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.
Зеленилото го одредува квалитетот на живеење во урбаните средини. Токму затоа Општина Центар заедно со Град Скопје и сите засегнати институции продолжува да вложува во нови зелени површини и во заштита на постоечките.