Активности|

Утре (26.07) Општина Центар спроведува акција за чистење и собирање кабаст отпад, во соработка со ЈП Комунална хигиена и Град Скопје.

Хигиената на јавните површини е многу важна за секојa заедница. Затоа, Општина Центар заедно со Град Скопје и ЈП Комунална хигиена, покрај тековните активности организира и акции како утрешната.

Контејнери за кабаст отпад ќе бидат поставени на три локации: Дебар Маало (кај градинката до кружниот тек), Вучко (кај Универзална сала), Зелен пазар (до рампата на паркингот на Макпетрол). Граѓаните ќе можат да го остават отпадот на овие локации од 07:00 до 16:00 часот во текот на утрешниот ден.

Повикуваме што повеќе граѓани да се вклучат во акцијата, бидејќи правилното одложување на отпадот е клучно за заштита на животната средина. Заедно да го направиме Центар почисто и поубаво место за живеење.

Освен собирање кабаст отпад, акцијата вклучува чистење и миење на улиците, како и уредување на јавните површини. Општина Центар се вклучува со 100 работници и целата своја механизација со која располага, а за потребите на акцијата ќе бидат обезбедени и цистерни за миење на улиците од Град Скопје.

Comments are closed.

Close Search Window