Активности|

Установата од областа на културата КСП ЦЕНТАР- ЈАДРО распишува:

ЈАВЕН ОГЛАС

за вработување на двајца извршители на следниве работни места:

Програмски координатор-едно (1) лице, на неопределено време со полно работно време;

Административен координатор-едно (1) лице, на неопределено време со полно работно време;

Работните задачи на Програмски координатор вклучуваат:  

  • координација на настаните и програмските содржини, во координација со директорот на установата;
  • организирање и логистичка поддршка на социо-културни настани и програмски содржини;
  • комуникација и координација помеѓу корисниците на просторот (потенцијални и актуелни), тимот и Програмскиот совет на Установата;
  • континуиран ангажман во дефинирањето и усовршувањето на правилата за користење на просторот;
  • развивање проекти и нивна имплементација;
  • изработка на извештаи и документација за настаните и програмските содржини
  • ангажман во активности за анимација, едукација и развивање на публика, јавни настапи и медиумско претставување на Установата; 
  • извршува и други задачи од делокругот на работа на установата.  

Работните задачи на Административен координатор вклучуваат:

  • администирање на  архивата и информацискиот систем;
  • подготовка и следење на договори, документи за вршење исплати  и други документи потребни за секојдневното финансиско и административно работење на установата;
  • изработка на извештаи и документација за финансиското работење;
  • дава поддршка на директорот во изработка на правилници и политики за админитративното и финансиското работење на установата; 
  • организирање и логистичка поддршка на социо-културни настани и програмски содржини;
  • асистирање во координацијата на настаните и програмските содржини;
  • развивање проекти и нивна имплементација;
  • комуникација со и помош во координација на корисниците на просторот (потенцијални и актуелни); 
  • управување и водење грижа за канцелариските материјали, опрема и простор;
  • набавување на опрема и потрошливи материјали кога е потребно;
  • извршува и други задачи од делокругот на работа на установата.

За работните места програмски координатор и административен координатор на Установата може да бидат избрани лица кое ги исполнуваат следните услови:

– високо стручно образование од општествени или хуманистички науки;
– три години работно искуство во дејноста на независната култура;
– стручни, работни и организациски способности.

Покрај општите услови кандидатите за горенаведените работни места треба да ги достават и следниве документи:

1. Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;

2. Доказ за стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен високо образование високо стручно образование од општествени или хуманистички науки;

3. Доказ за минимум три години работен стаж или три години работно искуство во дејноста на независна култура или проекти во областа на културата врз основа на склучени договори за дело;

4. Биографија / CV, со две реферeнци;
5. Мотивациско писмо на македонски јазик.

Потребни знаења и вештини: 

  1. Искуство со работа во областа на културата 
  2. Одлични комуникациски вештини;
  3. Високо ниво на говорен и пишан англиски јазик;
  4. Способност за непречена комуникација со организации и донатори 
  5. Искуство во работа на проектни, финасиски и административни позиции; 
  6. Искуство во подготовка на наративни и финансиски извештаи; 
  7. Одлично познавање на Microsoft Office алатките; 
  8. Познавање на административно/техничките процедури; 
  9. Членување во Асоцијацијата на независна културна сцена Јадро ќе се смета за предност.

Рок и начин на пријавување:

Сите заинтересирани кандидати и кандидатки треба да ги достават потребните документи најдоцна до 17,00 часот, во рамки на последниот ден од одредениот рок назначен со огласот, на електронската адреса: centar.jadro@gmail.com, со наслов/назнака: 

– за избор на програмски координатор на КСП Центар-Јадро (кандидатите кои се пријавуваат за работното место програмски координатор);

– за избор на административен координатор на КСП Центар-Јадро (кандидатите кои се пријавуваат за работното место административен координатор). 

Огласот трае до 06.08.2019, до 17:00 ч.

Начин на селекција: Кандидатите и кандидатките кои ќе бидат селектирани во прв круг, ќе бидат поканети на интервју. Некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат. За резултатите од огласот кандидатите ќе бидат известени по писмен пат.

Само кандидатите и кандидатките кои ќе бидат селектирани за интервју ќе бидат контактирани. КСП Центар-Јадро го задржува правото да го пролонгира конкурсот доколку смета дека истото е потребно.

За Културно-социјален простор „Центар-Јадро“:
Во септември 2017 година, после три години интензивна работа се регистрираше првата хибридна институција на цивилно-јавно партнерство во земјава меѓу ЈАДРО Асоцијација на независната културна сцена и Општина Центар од Скопје, наречена Културно-социјален простор „Центар-Јадро“. Овој модел, кој е втемелен на партнерството помеѓу локалната самоуправа и националната мрежа на независниот културен сектор, составена од граѓански организации, поединци и неформални групи, обезбедува суштинска децентрализација на моќта и е единствениот пат кон создавање на организациска и програмска автономија во дејствувањето во сферата на културата во рамки на граѓанскиот секотор но и пошироко.

Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро“ е простор каде што слободно ќе се изразува урбаниот живот, современите социо-културни практики, простор кој ќе создава автономни, само-организирани содржини, содржини кои ќе го артикулираат нашиот урбан, интелектуален, критички и творечки капитал.

Новиoт модел на институцијата е од значење за културниот развој, но и за образованието, развојот на критичката култура и новите облици на создавање социо-културни заедници.

Дејноста на Установата е давање институционална и финансиска поддршка на социо-културни проекти, поддршка на современата уметност и современите социо-културни практики, на демократизацијата и активното учество во социо-културната заедница, на обезбедувањето културна програма на територијата на Општината, организирање културни манифестации и поттикнување разновидни специфични форми на творештво од јавен интерес од локално значење.

Comments are closed.

Close Search Window