Активности|

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Васко Кичевски, во склоп на проектот “Нула Глад“, денеска поделија прехранбени пакети на лица од 150 семејства со висок социјален ризик, кои живеат на територија на Центар.

Оваа активност се спроведува по шести пат во рамки на Националната акција „Нула глад“, во соработка со здружението Банка за храна. Целта е да се обезбеди храна и да се олесни секојдневието на семејствата на кои најмногу им треба помош.

Пакетите се делат секој месец, на лица од семејства со висок социјален ризик. Секој пакет содржи прехранбени производи за еден месец, односно 25-30 оброци од пакет.

Упатуваме голема благодарност верните донатори, кои и овој месец ја покажаа својата хуманост:  маркетите Тинекс, Веро, Кам, Рамстор, Гранап, Стокомак, Кит-го и Жито.

Comments are closed.

Close Search Window