Образование|

Општина Центар информира дека новото општинско училиште во населбата Капиштец ООУ „Киро Глигоров“ на 2 септември ги отвора вратите за првите ученици, запишани во учебната 2019/2020 година. Приемот и свечената приредба за учениците започнува во 9.30 часот.

Во ООУ „Киро Глигоров“ во оваа учебна година се запишаа 250 деца од кои се формирани вкупно 9 паралелки од прво до петто одделение, а во наредните години, бројот на паралелките ќе се зголемува пропорционално со запишувањето на новите ученици.

И во останатите основни општински училишта наставата започнуваво понеделник, а во сите училишта на територија на Општина Центар ќе биде организиран свечен прием за првачињата и нивните родители.

На сите ученици, Општина Центар им посакува среќна и успешна училишна година!

Comments are closed.

Close Search Window