Почитувани,
Новото општинско училиште „Киро Глигоров“ во населбата Капиштец ги отвори вратите за првата генерација ученици во учебната 2019/2020 година. По тој повод, утре на 4.09.2019 година (среда), со почеток во 10:00 часот ќе се одржи неговото свечено отворање. На настанот ќе се обратат премиерот Зоран Заев, градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ, министерот за образование и наука Арбер Адеми, а ќе присуствуваат и други министри, заменици, директори на државни јавни претпријатија, образовни институции и многу други.
Општина Центар ги поканува и жителите на населба Капиштец да бидат дел од настанот значаен за сите граѓани на општината.
По свечената програма, присутните гости ќе имаат можност да го разгледаат училиштето и да се уверат дека ООУ „Киро Глигоров“ е училиште кое ќе го подигне квалитетот во образовниот процес.