Активности|

Општина Центар распишa Јавен повик за финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки кровни конструкции и лифтови на станбени згради на подрачјето на општината.

Субвенцијата опфаќа исплата на финансиски средства во висина од 30% од вкупниот износ, но не повеќе од 150.000,00 денари за санација на кров и 30% од вкупниот износ, но не повеќе од 300.000,00 денари за санација на лифт.

Jавниот повик за реконструкција на кровови се однесува на замена на постоечки азбестни салонитни покривачи со еколошки и реконструкција на рамни проодни и непроодни тераси. Додека, финансиската поддршка за поправка на лифтови се однесува на оние за кои е утврдено дека се технички неисправни. Субвенцијата опфаќа модернизација на лифтовите и нивно усогласување со безбедносните стандарди.

Апликациите треба да бидат поднесени од сопственици на заеднички делови на колективни станбени згради управувани од Управител на станбени згради или Заедница на сопственици апликант.

Барањата за користење на мерката се поднесуваат на пропишан образец кој сите заинтересирани можат да го подигнат на пријавницата во барака 3 и/или во архивата на Општина Центар – барака 6 , но истиот можат да го превземат и од веб странатана Општина Центар.

Селекцијата на апликациите ќе се врши по принципот „прв дојден, прв услужен“, до исцрпување на средствата. Апликациите можат да се достават во период од 16 до 30 септември 2019 година.Дополнителна документација за аплицирање на https://www.centar.gov.mk/?p=8508

Минатата година меркатаза субвенционирање реконструкција или санација на лифтови и кровови беше применета на 26 станбени единици на територија на Општина Центар.

Конкретно, мерката за субвенционирање на реконструкција или санација на кровови била применета во 16 згради на следниве адреси: Бул.Кочо Рацин бр.40, ул.11 Октомври бр.31, ул.Козара бр.42/1, ул.Цицо Поповиќ бр.3, ул.Мито Хаџивасилев Јасмин бр.48/5, ул.Мито Хаџивасилев Јасмин бр.12, ул.Васил Ѓоргов бр.32, ул.50 Дивизија бр.39, ул.Народен Фронт бр.21-3, ул.Франклин Рузвелт бр.40, ул.Алберт Ајнштајн бр.1, ул.Цицо Поповиќ бр.1, ул.Вељко Влаховиќ бр.25, ул.Мито Хаџивасилев Јасмин бр.30/3, ул.Димитрие Туцовиќ бр.22 и ул.Мирослав Крлежа бр.51.

Мерката за субвенционирање реконструкција или санација на лифтови била применета во 10 згради на следниве адреси: ул.Васил Ѓоргов бр.32, ул.Мито Хаџивасилев Јасмин бр.30, бул.Кочо Рацин бр.18, ул.Кирил и Методиј бр.48/4, ул.Мито Хаџивасилев Јасминбр.48/5, ул.Народен Фронт бр.25, ул.Васил Ѓоргов бр.32, ул.Мито Хаџивасилев Јасмин бр.38, ул.Мито Хаџивасилев Јасмин бр.24 кула9, ул.Вељко Влаховиќ бр.19.

Comments are closed.

Close Search Window