ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на минатата недела санкционираа 272 непрописно паркирани возилакои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Во периодот од 10.09. до 15.09.2019 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 157 непрописно паркирани возила, од кои осум (8) несовесно паркирани возила на паркинг места наменети за лица со посебни потреби, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 115 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.
ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се
доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на
комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина
Центар.