Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 05/02), а во врска со Програмата за спорт и рекреација на Општина Центар-Скопје за 2019 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје бр. 1/2019“), Градоначалникот на Општина Центар-Скопје објавува
ОГЛАС
за доделување на спортски стипендии на талентираните спортисти од
општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар во
учебната 2019/2020 година
I. Услови за доделување стипендија
Учесниците на огласот треба да ги исполнуваат следните услови:
– да се жители на Општина Центар
– спортистите да се редовни ученици во VIII и IX одделение во општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар.
II. Критериуми за доделување стипендија
Спортистот потребно е да има постигнување на точни (индивидуални) спортски резултати, добиени и потврдени од националните спортски федерации за период од 01.09.2018 година до 31.08.2019 година и да се во согласност со календарот за натпревари на матичните национални и меѓународни федерации:
– Освоено индивидуално прво место (1 бод) на државно првенство;
– Балканско првенство прво место (2 бода);
– Европско првенство прво место (3 бода);
– Училишни спортски игри во организација на Општина Центар-Скопје (во фудбал, кошарка, ракомет и одбојка-девојки и шах) и истите да се прогласени за најдобри поединци.
Останатите успеси и резултати кои не се во согласност со календарот на натпревари од националните и меѓународните спортски федерации, нема да се земаат предвид.
III. Потребни документи
Со барањето учениците-спортисти на огласот треба да достават:
– Потврда од училиштето дека спортистот е редовен ученик во VIII и IX одделение во општинските основни училишта од подрачјето на Општина Центар;
– Биографија на спортистот;
– Важечки документ (потврда) издадена од националната федерација за спортските успеси и резултати во периодот од 01.09.2018 година до 31.08.2019 година како и признанието за најдобри играчи, стрелци и смечари, прогласени во училишната „ЛИГА ЦЕНТАР 2018/19“, објавено на сајтот на Општина Центар-Скопје во четирите спортски дисциплини (фудбал, кошарка, ракомет, одбојка-девојки) и шах.
IV. Висина на стипендијата и рангирање
Висината на стипендијата ќе изнесува 2.500 денари и 3.000 денари месечно за девет месеци во текот на учебната 2019/2020 година:
– За освоени два бода, висината на стипендијата изнесува 2.500 денари месечно;
– За освоени три и повеќе бода, висината на стипендијата изнесува 3.000 денари месечно и
– За најдобрите поединци-спортисти прогласени во училишните спортски игри „ЛИГА ЦЕНТАР 2018/19“, во организација на Општина Центар-Скопје (фудбал, кошарка, ракомет, одбојка-девојки) и шах, висината на стипендијата изнесува 3.000 денари месечно.
V. Начин на пријавување
Документите треба да се доставуваат до архивата на Општина Центар-Скопје или по пошта на ул. „Михаил Цоков“ бб – Скопје, со назнака „ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СПОРТСКИ СТИПЕНДИИ НА ТАЛЕНТИРАНИ СПОРТИСТИ ОД ОПШТИНСКИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ЦЕНТАР“.
VI. Рок на поднесување документи
Рокот за поднесување на документите е заклучно со 27 септември 2019 година.
Документите на кандидатите кои не се комплетни и ненавремено доставени, нема да бидат разгледувани.