Врз основа на член 50 став 1 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на Република Македонија” бр.5/02), а во врска со Програмата за дејноста образование за 2019 година (“Службен гласник на Општина Центар бр.1/2019) Градоначалникот на Општина Центар-Скопје објавува
О Г Л А С
за доделување стипендии на талентирани ученици од областа на науките од општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар-Скопје за учебната 2019/2020 година
Општина Центар-Скопје за учебната 2019/2020 година ќе додели стипендии за талентираните ученици од VIII и IX одделение од општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар-Скопје.
I.Услови за доделување стипендија
Учесниците на Огласот треба да ги исполнуваат следните услови:
- Да се ученици во општинските основни училишта од подрачјето на Општина Центар-Скопје,
- Кандидатите да се редовни ученици во VIII и IX одделение во општинските основни училишта од подрачјето на општина Центар и
- Да оствариле континуиран успех од 5,00 во текот на школувањето од VI,VII и VIII одделение.
II.Критериуми за доделување стипендија
Освоени награди од областа на науките (природни и општествени) од VI до IX одделение:
- I место градски (општински) натпревар (0,5 бода),
- I место регионален натпревар (1 бод)
- I место државен натпревар (1,5 бода),
- I или II место меѓународен натпревар (2 или 1,5 бод) и
- Награди од нелиценцирани организатори на натпревари не се земаат во предвид.
III.Потребни документи
Со барањето учесниците на Огласот треба да достават:
- Потврда од училиштето дека кандидатот е редовен ученик во VIII и IX одделение во општинските основни училишта од подрачјето на општина Центар,
- Биографија на ученикот,
- Фотокопии од свидетелствата, од VI до VIII одделение,
- Фотокопиии од дипломи од освоени награди на натпревари од областа на науките од VI до VIII одделение
IV.Висината на стипендијата и рангирање
Висината на стипендијата ќе изнесува 2.500,00 денари и 3.000,00 денари месечно за осум месеци во текот на учебната година.
За освоени од 2 до 5 бода, висината на стипендијата изнесува 2.500,00 денари.
За освоени повеќе од 5 бода, висината на стипендијата изнесува 3.000,00 денари.
V.Начин на пријавување
Потребните документи да се достават до Архивата на соодветното Општинско Основно Училиште на подрачјето на Општина Центар. Пријавите ќе бидат разгледани од училишната комисија и рангирани ќе бидат доставени до општинската комисија за одлучување.
VI.Рок на поднесување на документи
Рокот за поднесување на документите е заклучно со 27.09.2019 година.
Документите на кандидатите кои не се комплетни и ненавремено доставени, нема да бидат разгледувани.