Заложбите за почиста и поздрава животна средина се реализираат со акциите на службата за одржување на хигиената во центарот на градот, кои продолжуваат и во наредниот период. Се расчистуваат дивите депонии и се собира кабастиот отпад во сите делови на Општина Центар.
За минатиот месец, покрај редовното одржување на хигиената на општината, службата за одржување на хигиената целосно исчисти и 10 диви депонии и собра вкупно 30 тони отпад.
Општина Центар и градоначалникот Саша Богдановиќ упатуваат апел до сите жители и граѓани кои транзитираат низ општината, ѓубрето и отпадоците да ги оставаат во назначените места за таа намена, затоа што чистата околина и здравата животна средина се придобивки за сите нас.