Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на РМ“ бр.51/05; 137/07; 91/09; 124/10; 18/11; 53/11; 144/12; 55/13; 163/13 и 42/14) Градоначалникот на Општина Центар – Скопјe го издава следното
СООПШТЕНИЕ
Се известуваат физичките и правните лица од oпфатот на Детален урбанистички план Градска четврт Градска четврт ЦС 06 – локалитет Судска палата 2, Општина Центар – Скопје дека Градоначалникот на Општина Центар – Скопје донесе Решение за организирање на
ПОВТОРНА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ПОВТОРНА ЈАВНА АНКЕТА по
НАЦРТ – ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ГРАДСКА ЧЕТВРТ ЦС 06 – ЛОКАЛИТЕТ СУДСКА ПАЛАТА 2, ОПШТИНА ЦЕНТАР – СКОПЈЕ
Границата на опфатот е дефинирана:
на север по оска на бул.„Гоце Делчев“,
на исток по оска на бул.„Крушевска Република“;
на запад по оска на бул.„Крсте Мисирков“;
на југ по оска на постојното речно корито на река Вардар.
Вкупната површина опфатена во рамките на опишаните граници изнесува 15,53 ха.
Повторната јавна презентација по Нацрт – ДУП Градска четврт ЦС 06 – локалитет Судска палата 2, Општина Центар – Скопје ќе се одржи во Општина Центар – Скопје (ул.„Михаил Цоков“ бр.1)во салата за состаноци во барака 6 на 16.10.2019 година (среда) во 13.00 часот.
Нацрт – ДУП Градска четврт ЦС 06 – локалитет Судска палата 2, Општина Центар – Скопје ќе биде изложен во просториите на урбана заедница „Мирче Мацан“ (ул.„Пролет“ бр.39, Скопје) секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот, од 7.10.2019 до 21.10.2019 година.
Соопштението за организирање на повторната јавна презентација и повторната јавна анкета ќе биде објавено во „Независен весник” и „Слободен печат”. Соопштението, синтезниот план и анкетниот лист ќе бидат објавени на веб страната на Општина Центар-Скопје (www.centar.gov.mk).
Контакт: planiranje@centar.gov.mk, 3203 605 и 3203 660.
Во определениот рок заинтерeсираните правни и физички лица можат да доставуваат забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.