Активности|

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, почнувајќи од 15.10.2019, секој вторник од 12:00 часот, во салата на Советот на Општина Центар, ќе има Отворен ден за граѓаните на општината.

На Отворениот ден, сите забелешки, идеи и проблеми, кои се во надлежност на општината, жителите на Центар ќе можат да ги споделат со градоначалникот и со општинските служби.

Заинтересираните граѓани ќе можат да го пријават своето учество секој работен ден на телефоните: 02/3203-682 и 02/3203-602, лично – на пријавницата во Општина Центар (барака бр.4) и електронски, на info@centar.gov.mk.

Comments are closed.

Close Search Window