Активности|

Гласната музика од околните локали, дивите депонии, отпадот, имотно-правните односи и узурпацијата на јавните површини беа главните работи кои жителите на Центар ги споделија со на отворениот ден со градоначалникот, Саша Богдановиќ.

Богдановиќ, заедно со општинските служби, внимателно ги ислушаа забелешките и предлозите на жителите, со единствена цел, да се пресретнат реалните проблеми и потреби со кои се соочуваат граѓаните на општината.

Отворените денови ќе продолжат и граѓаните веќе од наредниот вторник и понатаму ќе имаат можност своите предлози, забелешки и проблеми да им ги предочат на градоначалникот Богдановиќ и на службите, за Центар да биде современа општина, која излегува во пресрет на своите жители.

Comments are closed.

Close Search Window