Активности|

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр.199/14; 44/15; 44/15; 193/15; 31/16, 163/16; 64/18 и 168/18), Градоначалникот на Општина Центар – Скопје го издава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е

Се известуваат физичките и правните лица од oпфатот на Предлог – Детален урбанистички план Градска четврт Ц 04 – Дом на градежници, Општина Центар – Скопје, плански период 2018-2023 дека Градоначалникот на Општина Центар – Скопје донесе Одлука за спроведување на

ПОВТОРНА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ПОВТОРНА ЈАВНА АНКЕТА

по Предлог – Детален урбанистички план Градска четврт Ц 04 – Дом на градежници, Општина Центар – Скопје, плански период 2018-2023

Границата на зафатот е дефинирана:

– одзапад по оска на бул.„Свети Климент Охридски”;

– одсевер по оска на бул.„Партизански одреди“;

– одисток по оска на бул.„ВМРО“;

– одјуг по оска на ул.„Димитрија Чуповски“.

Вкупната површина опфатена во рамките на опишаните граници изнесува 6,4 ха.

Повторната јавна презентација по Предлог – Детален урбанистички план Градска четврт Ц 04 – Дом на градежници, Општина Центар – Скопје, плански период 2018-2023, ќе се одржи во просториите на Општина Центар – Скопје (ул.„Михаил Цоков“ бр.1) во сала за состаноци, барака 6, на ден 30.10.2019 година (среда) во 13.00 часот.

Предлог – Детален урбанистички план Градска четврт Ц 04 – Дом на градежници, Општина Центар – Скопје, плански период 2018-2023 ќе биде изложен во просториите наЧитална „Славко Јаневски“, (ул.„Димитрије Чуповски“ бр.23/1-1) секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот, од 24.10.2019 до 6.11.2019 година.

Соопштението за организирање на повторната јавна презентација и повторната јавна анкета ќе биде објавено на веб страната на Општина Центар – Скопје www.centar.gov.mk и на информацискиот систем е-урбанизам.

Контакт телефони 3203 605 и 3203 660 и email: planiranje@centar.gov.mk.

Во определениот рок заинтерeсираните физички и правни лица можат да доставуваат анкетни листови со забелешки и предлози по предлог планот.

Comments are closed.

Close Search Window