Активности|

Со натпреварување во пет дисциплини, кошарка, фудбал, ракомет, одбојка во женска конкуренција и шах, денеска свечено беше одбележан почетокот на спортските училишни игри „Лига Центар 2019“.

„Од името на Советот на Општина Центар и од мое лично име сакам да ве поздравам и да ви посакам успешни спортски училишни игри. Ме радува што голем број на ученици земаа учество во овогодинешните училишни спортски игри, но и во одбележувањето на роденденот на нашата општина. „Лига Центар 2019“ е само почеток од серијата на настани преку кои ќе го прославиме 43 годишниот роденден на Општина Центар.

Јас сум многу среќен што преку овоие училишни спортски игри кои се во организација на одделинието за спорт, ќе се одиграат преку 92 натпревари. Се надевам дека преку овие настани, со почитување и другарство меѓу себе и во спортски дух ќе успеете да се развивате како здрави млади луѓе и врвни спортисти“. – кажа градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Во склоп на свеченото отворање на училишните спортски игри беа доделени и 20 стипендии за успешни млади спортисти – ученици во основните училишта во општината.

Добитници на спортски стипендии:

Јован Јанковски,

Симон Поповски,

Давид Брестовац,

Марко Стоилковски,

Дорис Нацева,

Ведран Андоновски,

Стефан Дуковски,

Кала Дренковска,

Владимир Тодоровски,

Ведран Лауренчиќ,

Горазд Попов,

Петар Башоски,

Ева Башоска ,

Ана Сандевска,

Диана Бушиноска,

Бела Жунгулова,

Горазд Гајдов,

Адис Ватиќ,

Кристијан Лазовски,

Георг Фармакоски.

Comments are closed.

Close Search Window