Активности|

Секторот за урбанизам на Општина Центар, пред присутните граѓани, инвеститори и претставниците на Балкан Енерџи Груп (БЕГ) и ЈП Водовод и Канализација, го презентираше предлог Деталниот Урбанистички План Градска четврт Ц 04 – Дом на градежници.

Границата на зафатот е дефинирана:

– од запад по оска на бул.„Свети Климент Охридски”;

– од север по оска на бул.„Партизански одреди“;

– од исток по оска на бул.„ВМРО“;

– од југ по оска на ул.„Димитрија Чуповски“.

Забелешките од јавната анкета се вметнати, а предлог планот на цел опфат го задржува постојното зеленило и каде е можно, додадено е ново.

На барање на жителите, задржани се и постојните детски игралишта, а решен е и проблемот за паркирање.

Comments are closed.

Close Search Window