Активности|

Катната гаража „Судска палата“ која повеќе од еден месец не беше во функција заради дефект со електричното напојување,од денеска (01.11.2019 година), повторно започнува со работа.

Општина Центар и ЈП ПОЦ го санираа дефектот со електричното напојување и се во завршна фаза со санација на кровот на катната гаража. Санирањето на целокупната штета ја чинеше општината околу 1.100.000,00 денари.

Од понеделник (04.11.2019 година), сите корисници кои треба да склучат/продолжат договор или да извршат плаќање да одат директно воДирекцијата на ЈП Паркинзи на Општина Центар во катната гаража „Судска палата“ или да го сторат тоа електронски на www.poc.mk.

Comments are closed.

Close Search Window