Врсничко насилство т.н. булинг е секоја форма на непосакувано и агресивно однесување во училиштата, кое не застанува таму, туку продолжува да ги следи децата во домот, преку интернет мрежите, социјалните мрежи. Жртви на врсничкото насилство се подеднакво момчиња и девојчиња, без оглед на етничко или социо-економско потекло.
Комисија за еднакви можности на жените и мажите-КЕМ при Советот на Општина Центар Скопје, согласно Програмата и Акциониот план на КЕМ, на 29.10.2019 г. организира обукa и работилницa за наставниците од ООУ на тема:
- “Препознавање на децата жртви на семејно насилство “ ,
- “Презнтација на податоци за врсничко насилство“ и
- “Булинг- насилство меѓу врсниците“
Обуката ја водеа: Снежана Смилевска координатор на СОС и шелтер центарот во Скопје, Ана Попризова психолог и Гешталт психотерапевти Ружа Пачаџиева ги презентираше податоците од истражувањето за булингот на ниво на град Скопје.