Градежното уредување, отпадот, отпадот, паркинзите, проблемот со комуналните работи, гласната музика и бучава, беа главните работи кои граѓаните му ги предочија на градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, на третиот Отворен ден.
Заедно со општинската администрација и раководителите на секторите во општината, градоначалникот Богдановиќ и граѓаните речиси 4 часа разговараа и бараа начин за решавање на проблемите со кои секојдневно се соочуваат жителите на Општина Центар.
Отворениот ден и средбите со граѓаните ќе продолжат и наредниот вторник, а сите заинтересирани граѓани кои сакаат да остварат средба со градоначалникот, ќе можат да се пријават на телефонските броеви 02/3203 – 602, 02/3203 – 600, електронски на info@centar.gov.mk и лично, на пријавницата во Општина Центар, барака бр.4.