Активности|

ЈП „Паркови и Зеленило“, на барање на Општина Центар, вчера и денес изврши интервенција на дрворедот на улицата „Максим Горки“.

Се работи за отстранување на стари и болни дрва од видот Јапонска цреша. Јапонската цреша е дрво по кое е и самата улица „Максим Горки“ препознатлива и карактеристична.

Општина Центар ја известува јавноста дека на местото на отстранетите стари и болни дрва уште во понеделник (18.11.2019) ќе засади нови 18 висококвалитетни дрва од истиот вид, Јапонски цреши, кои се примени како донација од вработените во претставништвото на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Скопје.

Comments are closed.

Close Search Window