На 13.11.2019, во ООУ „Јохан Хајнрих – Песталоци“, со почеток во 18:00 часот, го организираме четвртиот „Проектен граѓански форум“ на тема „Социјална инклузија“ во рамките на проектот “Зајакнување на општинските совети”.
Ги повикувам сите заинтересирани граѓани – жители на Општина Центар да присуствуваат на форумот и со тоа да се вклучат во процесот на заедничко креирање идеи и проекти за подобрување на животот во нашата општина и развој на локалната заедница.
Досега одржавме три проектни форуми на кои граѓаните ги дадоа своите предлози за подобрување на социјалната инклузија во нашата општина. Од страна на работните групи кои што беа формирани на 1-та форумска сесија беа изработени предлог-концепти кои што беа презентирани на 2-та форумска сесија. На 3-тата форумска сесија групите ги презентираат своите изработени предлог-проекти. По презентацијата на 3-тата сесија, проектите кои беа во согласност со критериумите на програмата, отидоа во понатамошна фаза. На 4-тата сесија, проектите кои ја поминале 3-тата сесија и се потврдени од програмскиот одбор, граѓаните учесниците на форумот ги приоретизираат /одлучуваат за нив, по пат на транспарентно бодување (гласање) за проект кој што мислат дека ќе биде најдобар за граѓаните.
На овој начин, учесниците на форумот одлучуваат кој/и проект/и се приоритетни за реализација во рамки на програмата и расположливиот буџет.
Напомена: Само тие граѓани кои што присуствувале на 3-те форумски сесии имаат право на глас во 4-тата форумска сесија.
Предлог-проекти кои што отидоа во понатамошна фаза и го поминале програмскиот одбор:
1.Младински Центар
2. Отворени сцени
3.Зајакнување на капацитетите на градинките за успешна социјална инклузија
Форумот е дел од активностите кои во рамките на проектот “Зајакнување на општинските совети”, кој Општина Центар го реализира со поддршка на УНДП и Швајцарска Развојна Агенција.
Со проектот се обезбедува грант во износ од 50.000 Швајцарски франци, за минимум 1 до максимум 3 граѓански проекти произлезени од сесиите.