ОПШТИНА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ
Врз основа на Законот за здруженија и фондации („Службен весник на РМ“ бр. 52/2010),
Општина Центар-Скопје објавува
Ј А В Е Н П О В И K
за прибирање барања за користење средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2019 година, наменети за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите
Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2019 година, од Програмата ЕО-Општинска администрација, ставка 463 – Трансфери до невладини организации, потставка 463110 – Трансфери до здруженија и фондации, ќе се врши во согласност со Правилникот за постапката и начинот на распределба на финансиски средства од Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите на Општина Центар-Скопје за 2019 година и врз основа на критериумите и приоритетите што се наведени во овој повик.
- Вид проекти што ќе бидат финансиски поддржани:
Средствата од Буџетот на Општина Центар-Скопје ќе се користат за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите преку грантови за програми (проекти) во следниве приоритетни области:
- помош и заштита на лицата со физички или со ментален хендикеп и попреченост во развојот и лица со посебни потреби
- заштита и поддршка на децата и на младите
- развој на социјални услуги за потребите на граѓаните во социјален ризик
- развој на услуги и поддршка на процесот на образование
- меѓуопштинска и/или меѓународна соработка
- заштита на животната средина и одржлив развој
- културни манифестации и настани во интерес на граѓаните и општината
- развој на демократијата, граѓанското општество и човековите права
- помош и поддршка на жртви на семејно насилство
Здруженијата и фондациите треба да понудат креативни и иновативни проекти со осмислени програми и содржини што може да се имплементираат во Општина Центар-Скопје во приоритетните области определени со Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2019 година.
- Прeдвидени средства
За финансирање на понудените програмски активности, во согласност со овој Јавен повик, ќе се користат средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2019 година.
- Доставување извештај
Здруженијата и фондациите на кои ќе им бидат доделени средства во согласност со Програмата и Правилникот запостапката и начинот на распределба на финансиски средства од Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите на Општина Центар-Скопје за 2019 година по завршувањето на своите програмски активности имаат обврска да достават наративен и финансиски извештај за користењето на средствата до Секторот за јавни дејности на Општина Центар-Скопје и до Секторот за финански прашања на Општина Центар-Скопје.
4. Право на учество и критериуми
Право на учество во Јавниот повик ќе имаат здруженијата и фондациите со седиште на територијата на Општина Центар-Скопје како матична општина (во решение или со друг доказ за седиште), каде што физички ќе се реализираат проектите, а кои ги исполнуваат следниве критериуми:
– да се регистрирани како здружение или фондација во согласност со Законот за здруженија и фондации, со седиште во Општина Центар-Скопје;
– да имаат активна трансакциска сметка и активен статус на дејствување од најмалку една (1) година;
– да поседуваат Статут и Решение за регистрација на здружението или фондацијата;
– да дејствуваат на територијата на Општина Центар-Скопје;
– да поднесат извештај за користење на средствата од Буџетот на Општината, доколку за 2018 година добиле средства преку Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите;
– да се занимаваат со активности и проекти од јавен интерес во согласност со Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите на Општина Центар-Скопје за 2019 година.
5. Потребна документација што здружението/фондацијата треба да ја достави со Пријавата за финансиска поддршка на здруженија и фондации.
Здруженијата и фондациите што учествуваат во Јавниот повик треба да достават:
- Образец и Пријава за финансиска подршка;
- Предлог-проект;
- Статут и Решение за регистрација на здружението или фондацијата;
- Активна трансакциска сметка на здружението или фондацијата што се пријавиле на Јавниот повик на која може да се префрлат добиените средства;
- Тековна состојба од Централен регистер на РМ.
- Доколку се регистрирани во друга општина, доказ дека вршат дејност во општина Центар-Скопје.
Напомена: Образецот и Пријавата за финансиска поддршка ќе бидат достапни на веб-страницата на Општина Центар-Скопје (www.opstinacentar.gov.mk). Пријавите со нецелосна документација или пријавите што ќе бидат доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.
6. Рок и начин на доставување на пријавите.
Рок за поднесување на пријавите е 30 (триесет) дена од денот на објавувањето на овој повик на веб-страницата на Општина Центар-Скопје.
Пријавата со целокупната документација може да се достави преку пошта на адреса:
Општина Центар-Скопје
ул. „Михаил Цоков“ б1
1000 Скопје
или во Архивата на Општина Центар-Скопје (барака 6) од 9.00 до 15.00 часот.
Здруженијата и фондациите учесници во Јавниот повик ќе бидат известени за резултатите по објавувањето на Одлуката за распределба на средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2019 година за финансирање на здруженија и фондации во „Службен гласник на Општина Центар-Скопје“.
Називите на здруженијата и фондациите што добиле средства за проектите од областите во Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите ќе бидат објавени на веб-страницата на Општина Центар-Скопје (www.opstinacentar.gov.mk).