Зеленилото и дрвата се важен фактор за прочистувањето на атмосферскиот воздух, но и за одржливата и здрава животна средина.
Затоа, службите задолжени за комуналните работи на Општина Центар, денес на улиците „Мирослав Крлежа“ (поранешна „Ѓуро Ѓаковиќ“ и „Аминта Трети“ („Ленинова“), засадија нови дрва.
Дрвата се со висок квалитет, од сортата Јавор, со поголем дијаметар на стебло и се карактеристични за градски и урбани средини. Од нив, 7 се засадени на улицата „Мирослав Крлежа“, а 4 на улицата „Аминта Трети“.
Акциите за зазеленување на општината ќе продолжат и наредниот период, со засадување на нови дрва и поставување на ново парковско зеленило и зеленило со низок раст и на други локации во Општина Центар.