Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на РМ“ бр.51/05; 137/07; 91/09; 124/10; 18/11; 53/11; 144/12; 55/13; 163/13 и 42/14) Градоначалникот на Општина Центар – Скопје го издава следното
С О О П Ш Т Е Н И Е
Се известуваат физичките и правните лица од oпфатот на Детален урбанистички план Градска четврт J 21 – локалитет Клинички центар и Геолошки завод, Општина Центар – Скопје дека Градоначалникот на Општина Центар – Скопје донесе Решение за организирање на
ПОВТОРНА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ПОВТОРНА ЈАВНА АНКЕТА по
НАЦРТ – ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ГРАДСКА ЧЕТВРТ Ј 21 – ЛОКАЛИТЕТ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР И ГЕОЛОШКИ ЗАВОД, ОПШТИНА ЦЕНТАР – СКОПЈЕ
Границата на зафатот е дефинирана:
На североисток по осовината на ул.„Железничка“ (ул.„Јордан Мијалков“);
На југоисток по осовината на ул.„Бихачка“ (ул.„Павел Шатев“);
На запад и северозапад по осовината на ул.„Водњанска“ (ул.„Мајка Тереза“);
На југ по осовината на ул.„Белградска“.
Вкупната површина опфатена во рамките на опишаните граници изнесува 43,56 ха.
Повторната јавна презентација по Нацрт – ДУП Градска четврт J 21 – локалитет Клинички центар и Геолошки завод, Општина Центар – Скопје ќе се одржи во Општина Центар – Скопје (ул.„Михаил Цоков“ бр.1)во салата за состаноци во барака 6 на 16.12.2019 година (понеделник) во 13.00 часот.
Нацрт – ДУП Градска четврт J 21 – локалитет Клинички центар и Геолошки завод, Општина Центар – Скопје ќе биде изложен во просториите на ООУ „Кочо Рацин“ (ул.„Салвадор Аљенде“ бр.2) секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот, од 6.12.2019 до 24.12.2019 година.
Соопштението за организирање на повторната јавна презентација и повторната јавна анкета ќе биде објавено во „Вечер” и „Слободен печат”. Соопштението, синтезниот план и анкетниот лист ќе бидат објавени на веб страната на Општина Центар – Скопје (www.centar.gov.mk).
Контакт: planiranje@centar.gov.mk, 3203 605 и 3203 660.
Во определениот рок заинтерeсираните правни и физички лица можат да доставуваат забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Бр.09-1374/13
5.12.2019 год.
Скопје