Врз основа на член 22, став 1, точка 5 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на Р.М.” бр.5/2002), член 15 став 1 точка 5 од Статутот на Општина Центар – Скопје (Службен гласник на Општина Центар бр.1/06) и ставка 4. 17 од Програмата за култура на Општина Центар – Скопје бр.08-5616/20 од 25.12.2018 година (Службен гласник на Општина Центар – Скопје бр.21/2018), Општина Центар – Скопје распишува
КОНКУРС
За финансирање на проект од локален интерес за развој на Центар за современа уметност, култура и политики
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Во функција на поддршка, промоција, афирмација и унапредување на креативните можности и изразување на македонската културна сцена, Општина Центар зема обврска за финансиска поддршка на активности поврзани со развој на современите уметности, култура и политики, со долгорочна цел – формирање на институција за современи уметности, култура и политики.
ПРАВО НА УЧЕСТВО
На Конкурсот може да учествуваат и да се пријават:
-Здруженија на граѓани и друг вид на регистрирани организации во полето на културата, асоцијации, партнерски платформи (неформални, со координатор партнер);
-конзорциуми кои професионално ја извршуваат дејноста во полето современата уметност и култура;
– други правни лица регистрирани во Република Северна Македонија за вршење дејности од областа на културата кои се одвиваат во Општина Центар – Скопје.
Пријавените здруженија на граѓани и друг вид на регистрирани организации во полето на културата, асоцијации, партнерски платформи, конзорциуми кои професионално ја извршуваат дејноста во полето современата уметност и култура и други правни лица треба да имаат најмалку пет години работно искуство во полето културата и уметноста, со квалитетно приложено портфолио.
Пријавените кандидати мора да бидат со седиште во Општина Центар-Скопје.
УСЛОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Пријавувањето се врши со доставување пријава и прецизна програма со план за развој на на проектот. Проектот треба да содржи минимум шест од следните услови за да биде разгледуван од страна на комисијата:
- Да развива и продуцира проекти во полето на современата уметност и култура;
- Да вклучува меѓународни проекти и соработки како дел од програмата;
- Да вклучува истражувања и/или конференции, симпозиуми и сл. во поле на културните политики;
- Да има развиени човечки капацитети за спроведување на програмата;
- Да ја афирмира општината на локално ниво;
- Да ја афирмира општината на меѓународно ниво;
- Да овозможува достапност и пристап на културата до граѓаните;
- Да вклучува активности за различни старосни групи;
- Да ги афирмира младите професионалци во културата и уметниците;
- Да овозможува услови за продукција и развој на професионалците и уметниците;
- Да развива партнерства на локално и меѓународно ниво;
- Да направи план за развој на проектот во можно јавно-цивилно партнерство.
Од горе наведените 12 услови, задолжителни за аплицирање се следните четири:
-1. Да развива и продуцира проекти во полето на современата уметност и култура;
-3.Да вклучува истражувања и/или конференции, симпозиуми и сл. во поле на културните политики;
-4.Да има развиени човечки капацитети за спроведување на програмата;
-7.Да овозможува достапност и пристап на културата до граѓаните;
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ
– Преглед на тековни и извршени активности за 2018 и 2019 година, со што ќе се утврдат квалитетот и стручноста, план за 2020 година и долгорочни цели за развој на партнерство со Општината,
– Портфолио на организацијата и партнерите,
– Биографии на лицата вклучени во проектот,
– Документ за регистрирана дејност (ДРД-образец), тековна состојба или решение за регистриран субјект издадени од Централниот регистар на Република Северна Македонија и
– Потврда за обезбеден простор каде ќе се изведуваат активностите (договор).
КРИТЕРИУМИ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА КВАЛИТЕТОТ НА ПРОЕКТОТ
- Организација/организации со искуство во полето најмалку пет години
- Најмалку десет проекти извршени во последните три години кои соодветствуваат со зададените критериуми (портфолио)
- Проектот и програмата да содржат најмалку шест од условите за конкурирање;
- Да има стручни кадри кои ќе бидат вклучени во проектот/програмата;
- Да има план на активности во полето на современите ументости, култура и политики (тековни и извршени) за 2018 и 2019,
- Да има план за активности за 2020 г.
- Да има видливи резултати и ефекти од имплементацијата на програмата;
- Да предложи изработена стратегија за развој на институција за современа уметност, култура и политики во Општината што е во согласност со Стратегијата за развој на Општина Центар-Скопје од областа на културата
НАЧИН И РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИИТЕ
Пријавувањето на проектите се врши со доставување на апликација која ја составува подносителот според објавените услови и критериуми. Овој конкурс ќе биде објавен на интернет страницата на Општина Центар – Скопје (www.centar.gov.mk) и во средства за јавно информирање.
Апликациите со потребните документи треба да се доставават до Општина Центар – Скопје на адреса: ул. Михаил Цоков 1, 1000 Скопје или со нивно предавање во архивата на Општината најдоцна до 15 часот на последниот ден од конкурсот.
ПОСТАПКА ВО ВРСКА СО КОНКУРСОТ
Нема да бидат разгледувани апликации што се доставени по истекот на конкурсот и со нецелосно приложени потребни документи. Материјалите доставени со апликациите не се враќаат.
Конкурсот ќе трае 30 дена од денот на објавувањето во локалните медиуми, а ќе биде објавен и на интернет-страницата на Општина Центар – Скопје (www.centar.gov.mk).
За резултатите од конкурсот, учесниците ќе бидат писмено известени.
Општина Центар-Скопје ќе склучи договор за финансирање со субјектот чиј проект ќе биде избран на овој конкурс.