Проекти|

Врз основа на Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2019 година на Општина Центар-Скопје и Правилникот за финансирање на здруженијата и фондациите („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 21/19), Советот на Општина Центар-Скопје на 39. седница, одржана на 26.12.2019 година, донесе

О Д Л У К А

за распределба на средства од Буџетот на

Општина Центар-Скопје за 2019 година

за финансирање на здруженија и фондации

Член 1

Општина Центар-Скопје распиша Јавен повик за прибирање барања за користење средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2019 година, наменети за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите што беше објавен на 15.11.2019 година.

Член 2

Во 2019 година ќе се финансираат следниве здруженија:

  1. Здружение АРТ СИНЕМА Скопје/Меѓународен филмски фестивал КИНЕНОВА,  проект: 5 Работилници за поттикнување на креативноста кај младите во Општина Центар…………………………………………………………………………. 300.000,00 денaри.
  2. Фондација за промовирање на иновативно учење, едукација и личен развој СТЕМ АКАДЕМИЈА Скопје, проект: „Едукација на децата од областа на обновливите извори на енергија – бесценета надеж за иднината“……………. 200.000,00 денари.
  3. Здружение за култура и уметност ФАКУЛТЕТ ЗА РАБОТИ ШТО НЕ СЕ УЧАТ, проект: „Кога зградите би зборувале“……………………………….. 200.000,00 денари.
  4. Здружение на граѓани за поддршка на шумарството и животната средина  „Трифор“ Скопје, проект: „Како до целите и обврските од Парискиот договор за климатски промени“……………………………………………………….. 120.000,00 денари.
  5. Еурохуман-Интернационал Скопје, проект: „Заедно против гладот и сиромаштијата во Општина Центар“………………………………….. 100.000,00 денари.
  6. Здружение за истражување на пазарот на труд во функција на мултиетничката толеранција ПРОФИЦИО Скопје, проект: „Вовед во програмирање и правилна употреба на интернет“……………………………………………………. 100.000,00 денари.
  7. Српски културно информативен центар Спона – Скопје, проект: „ Еко музички фрагменти “………………………………………………………………….. 100.000,00 денари.
  8. Здружение за хумано-општествен развој „Проект Среќа“-Скопје, проект: „Топол дом за сите“……………………………………………………………………. 80.000,00 денари.
  9. Здружение на инвалиди на трудот и корисници на инвалидска пензија         Центар-Скопје, проект: „Одбележување на Меѓународниот ден на инвалидите“……………………………………………………………………. 50.000,00 денари.
  10. Организација на жени на Град Скопје ОЖС, проект: „Превенција на врсничкото насилство во основните училишта на територија на Општина Центар“………………………………………………………………………….. 50.000,00 денари.
  11. Сојуз на борците од НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНАТА И АНТИФАШИСТИЧКА ВОЈНА НА МАКЕДОНИЈА 1941-1945 И ГРАЃАНИТЕ ПРОДОЛЖУВАЧИ-ОПШТИНСКИ ОДБОР ЦЕНТАР Скопје, проект: „Одбележување историски настани и личности“……………………………………………………………………….. 50.000,00 денари.
  12. Здружение за заштита на правата на децата ПОВРЗАНИ, проект: „Затоа што воспитувањето е важно“…………………………………………………… 30.000,00 денари.
  13. Невладина организација ЕСЕ Скопје, проект: 10 декември – Ден на човекови права под мотото „Братски игри“……………………………………….. 30.000,00 денари.
  14. Ансамбл за народни песни и ора СКОПЈЕ Скопје, проект: „Изучување и негување на македонскиот фолклор и традиција“……………………………….. 30.000,00 денари.
  15. Хорско музичко друштво Кочо Рацин – Скопје, проект: „Времеплов на македонската хорска музика “……………………………………………. 30.000,00 денари.
  16. Прв скопски извиднички одред ПСИО Скопје, проект: „Центар е АтраКТИВЕН“………………………………………………………………….. 30.000,00 денари.

                                                Член 3

Оваа Одлука да ја спроведе Секторот за јавни дејности.

Член 4

Оваа Одлука стапува во сила на денот на објавувањето во „Службен гласник на Општина Центар-Скопје“.

Comments are closed.

Close Search Window