Активности|

Во изминатите неколку дена пазарџиите од „Зелен Пазар “протестираат бидејќи им беа скратени сите злоупотреби кои ги извршуваа секојдневно на паркиралиштето „Аутомакедонија“.

Поголем дел од товарните возила на фотографиите се користат за мобилна продажба, а останатиот дел ги злоупотребуваат добиените повластени паркинг карти за вработени во деловен субјект кои служат за паркирање на автомобили, а не за товарни возила.

Како што може да се забележи на видеото, пазарџиите на крајот на работното време пред напуштање на паркиралиштето користат железни колички за пазарење кои сензорот ги препознава како возила и системот за нив автоматски печати билет. На тој начин тие наместо да платат за цел ден паркирање, тие плаќаат само за 1 час.

ЈП ПОЦ и Општина Центар ќе воведат ред на ова паркиралиште и на жителите ќе им овозможат услови за похумано живеење.

Comments are closed.

Close Search Window