Активности|

Од понеделник, 20.1.2020, во читалните на Општина Центар, „Славко Јаневски“ и „Ацо Шопов“ се реализира хуманитарна акција за донирање книги за болните од Алцхајмерова болест.

Акцијата се реализира од групата ентузијасти „книгохоличари“ – Викторија Петровска и Здружението за Алцхајмерова болест и нивниот претседател, Др. Драган Илиевски, во соработка со Општина Центар.

Програмата на акцијата, покрај останатите активности, вклучува и посета на домови за стари лица и семејни домови, каде семејството ќе покаже интерес за донирана книга.

Читањето на книги е идеална ментална активност за овие наши сограѓани кои се болни од Алцхајмеровата болест.

Хуманоста е универзална акција со која секое општество, град или држава може да се гордее, a Општина Центар и во иднина ќе продолжи со хуманиот пристап кон социјално ранливите групи и помагањето на хуманите акции.

Comments are closed.

Close Search Window