Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ одржа прес конференција за промоција на новиот „Локален колошки акционен план“ (ЛЕАП) за 2019-22025 година. Гостин – говорник на настанот беше Славјанка Пејчиновска-Андонова, управителка во Друштвото за техничко консултантски услуги „Екомозаик ,партнер во изработка на ЛЕАП-от, заедно со Друштвото за еколошки консалтинг „Деконс-Ема“.
ЛЕАП-от претставува стратешки документ со кој општината ќе обезбеди заштита на животната средина и повисок квалитет на живеење за граѓаните како основни постулати за нејзин одржлив живот. Во ЛЕАП-от се идентификувани сегашните состојби со медиумите во животната средина и евидентирани се клучните предизвици, изразени во: нарушениот квалитет на воздухот, управувањето со отпад, зголеменото ниво на бучава и градежната експанзија, како проблеми со кои се соочуваме во нашето секојдневие во доменот на животната средина.
„Во иднина ќе се залагам за проширување на надлежностите поврзани со заштита на животната средина на локално ниво, донесување и реализација на урбанистичка планска документација согласно стандардите и нормативите во кои ќе се запазува процентот на зелените површини, зголемувањето на ефикасноста на локалната администрација. Дополнителноќе се залагам за подигнување на свеста кај населението за заштита на животната средина и да ја етаблираме Општина Центар како еколошки одржлива општина која нуди услови за хумано живеење.“ –изјави градоначалникот Богдановиќ.
ЛЕАП-от на Општина Центар е уште една потврда за продолжување на напорите на општината да воспостави успешна соработка со еколошките невладини организации и соработка со бизнис заедницата за почитување на законските одредби и зајакнување на капацитетите, со цел да се постигне намалување на потрошувачката на природните ресурси и емисии во медиумите на животната средина.
„Од вкупно 46 предложени мерки, на воздух се однесуваат 17, на вода – 8, на природа – 7, на отпад – 6, на почва – 5 и на бучава – 3. Најзастапени се мерките чија реализација е од 25% до 75% (20 мерки), потоа следуваат мерки чија реализација е поголема од 75% (17 мерки) и најмалку застапени се мерките чија реализација е помала од 25% (9мерки)“ – изјави Славјанка Пејчиновска-Андонова.
„Во соработка со Вас, граѓаните на Општина Центар, нашите партнери и соработници се надевам на успешно реализирани активности и проекти и со тоа, заедно да го потврдиме нашиот одговорен однос во интегрирањето на заштитата и унапредувањето на животната средина во економскиот и социјален развој на општината.“ – додаде Богдановиќ.
Изработката на ЛЕАП документот за Општин Центар се темели на Националаната методологија за подготовка на ЛЕАП, усвоена од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање. За потребите беа номинирани членови на Локалниот управерн комитет и претставници од јавни установи, Град Скопје, јавни претпријатија, образовни и академски институции и НВО-а.